Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и способности од областа на работењето во угостителско сместувачката дејност (хотели, мотели, други објекти и домаќинствата).
Собари/ките / домашните помошнички се вработени или во приватни домови или во комерцијална средина како хотел. Задолженијата варираат во согласност со работната средина, но основните задачи и вештини коишто се неопходни за извршување на работата остануваат исти: одржување на чиста, санитарна, удобна и средена околина како во приватните домаќинства така и во комерцијалните и угостителските установи.