Интернет маркетер во хотелиерство

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и способности од областа на интернет маркетинг при работење во хотелските објекти, односно интернет маркетиншки активности за продажба на хотелски капацитети, градење и управување со брендот преку низа маркетинг активности водени преку социјални медиуми, интернет маркетинг продажни канали и слично.

Интернет маркетерот во хотелиерството асистира  во: работата на маркетинг тимот во дневните маркетиншки активности, активностите на интернет маркетинг продажбата, учествува во подготовката/изработката на маркетинг стратегијата и промотивни материјали, помага во организацијата на маркетинг истражувањето како и во анализа на резултатите од самото истражување, учествува во широката рамка на интернет маркетинг комуникацијата, обезбедува поддршка на маркетиншки настани во хотелското работење. Учествува во прибирање информации и податоци за изготвување промотивни материјали, статии и промотивни текстови за организацијата. Подготвува и поставува содржини/текстови на веб-страници и портали и социјални мрежи, и го шири делокругот на работа создавајќи препознатливост на брендот во хотелиерската индустрија во земјата и светот. Континуирано ажурира и одржува база на интернет маркетинг податоци и документација. Учествува во организација на настани и кампањи преку логистика со трети лица и на сите промотивни активности во организацијата.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот да има завршено средно образование, психофизички здрав и да поседува комуникациски способности

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

24

Пракса

48

Оценување

0

Вкупен број на часови

72

Датум на верификација

10/01/2020

-

Бармен

Сомелиер

Послужувач

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content