Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетемции кои ќе му овозможат работно оспособување за занимањето Службеник во сметководство. Програмата се однесува на образование на возрасни и се состои од 14 теми, поделени во 3 модули. Времетраењето на програмата е 96 часа од кои 22 часа теоретска настава и 74 практични вежби. Реализирањето на програмата е за период од 3 месеци. Програмата е наменета за лица кои сакаат или имаат потреба од стекнување на основни познавања од областа на сметководството што ќе им овозможи проширување на нивните знаења и вештини и полесно вклучување на пазарот на трудот. Програмата службеник во сметководство на слушателот ќе му овозможи стекнување на базични основни знаења, вештини и компетенции кои можат да му послужат и за понатамошно усовршување во областа на занимањето ,,службеник во сметководство книговодство“. Реализирањето на третиот модул од програмата ќе креира поврзување меѓу работодавачите и барателите на работа на пазарот на трудот. По завршувањето на програмата учесникот ќе се стекне со сертификат “Службеник во сметководство”.
Верификацијата истекува во мај 18, 2025