Слаткар – подготвувач на слаткарски производи

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата  овозможува  работно  оспособување  за  Слаткар-подготвувач на слаткарски производи во времетраење од 120 часа и опфаќа стручно теоретски содржини  кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во опремена слаткарска работилница. По успешното завршување на програмата учесникот ќе се стекне со знаење, вештини и компетенции  за самостојно подготвување на слаткарски производи. Учесникот ќе се оспособи: да  подготвува и организира сопствената  работа; ракува  и правилно користи апарати, уреди, машини и инвентар во слаткарница;  користи стручна терминологија при работа; применува правила, прописи и НАССР систем за хигиено-техничка заштита при работа; класификува поделба и примена на продукти според потекло;применува начини за подготвување производи од слатки теста кои се различни во процес на изработување; подготвува десерти со различна техника и процес на работа; приготвува кремови, полнила, преливи, глазури од различна област; пече и филува  пандишпан маси за  изработување торти, мињони, пасти; комбинира начини за подготовка на ситни колачи различни по состав, вкус и изглед; користи рецептури за подготовка на ладни и топли десерти; применува рецептури  на десерти со темперирана чоколада; моделира, декорира и развива креативност при изработување на готови производи;  комуницира со клиенти и соработници; работи во согласност со нормативи и прописи за заштита на работната средина и околина;  ги познава правата од работен однос и можностите за отворање и водење на сопствен бизнис;  развива работни, хигиенски навики, одговорност при работа во слаткарница  и позитивни ставови кон  угостителската дејност. По завршувањето на обуката учесниците полагаат завршен испит. Учесниците кои успешно ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со сертификат за Слаткар-подготвувач на слаткарски производи по верифицирана програма.

Верификацијата истекува во мај 18, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 16 години.
Потребно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).
Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

40

Пракса

80

Оценување

0

Вкупен број на часови

120

Датум на верификација

18/05/2022

-

РАКУВАЧ СО ВИЉУШКАР

Фризер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content