Слаткар-подготвувач на слаткарски производи

Понудувачи на услуги

АКАДЕМИЈА-ЦЕС е компанија која повеќе од 25 години активно работи на развој на човечкиот капитал, прв центар за стручно образование и образование на возрасни во Македонија кој што нуди различен вид на обуки за личен и професионален развој на возрасни лица, доквалификација и преквалификација. Организацијата постои како алка помеѓу потребите на пазарот на трудот и работодавачите од една страна и невработените лица од друга страна. Со гордост, може да нотираме дека: на годишно ниво реализираме повеќе од 400 обуки, семинари, работилници, in-house обуки и слично; со опфат на учесници од различни профили (невработени лица, студенти, наставници, вработени во јавна администрација/ приватни компании) од Македонија и регионот. Располагаме со база од врвни експерти од различни области во полето на образованието од земјата и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење со цел унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини. АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. секогаш поаѓа од парадигмата дека општество треба да биде засновано на учење и знаење, кое ги поврзува сите нивоа на образование во хармонична и транспарентна целина заснована врз позитивни принципи и цели и во најдобар интерес на слушателите. Ова ќе овозможи создавање услови за развој на сите потенцијали на личноста и реализација на нивните потреби преку партнерство и заедничка одговорност на семејството и општеството, истовремено почитувајќи го принципот на холистички пристап кон развојот на личноста на сите образовни нивоа, без каква било форма на дискриминација. АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. континуирано вложува во подигнување на квалитетот на образовните услуги кои ги дава на своите корисници. Во таа насока АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. е акредитирана установа од страна на Министерство за образование и наука, Центарот за образование на возрасни, Бирото за развој на образование, Центарот за средно стручно образование и обука, Министерство за животна средина, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (образование за возрасни), сертифицирана со ISO 9001: 2015, ISO 17100:2015 и ISO 21001:2018. ЦЕС има воспоставено стратегиски партнерства и континуирано соработува со партнери од повеќе Европски земји (Романија, Словенија, Португалија, Италија, Бугарија, Полска, Германија, Словенија, Шпанија, Австрија, Хрватска, Норвешка, Турција). Преку таквите партнерства, заеднички се креираат нови модерни програми за обуки согласно Европските текови, се подобруваат постоечките, се разменуваат искуства, се прават анализи и стратегии за подигнување на квалитетот и понудата на образование, како и усогласување со потребите на пазарот на труд. Се реализираат мобилности и обуки на кандидати кои веќе посетуваат обука во нашите центри со цел нивно практично усовршување и стекнување компетенции во интернационална средина при тоа разменувајќи искуства, знаења, вештини и добри практики, како и стекнување нови компетенции кој ќе им овозможат полесна интеграција во пазарот на трудот и побрзо вработување/или самовработување. Кандидатите по завршување на обуките добиваат сертификат/диплома кој има статус на државна диплома со која имаат право да се вработат или да отворат сопствен бизнис. Кандидатите кои ќе посетат интернационална практична обука во европска држава добиваат Европски признаен сертификат- Europass Certificate. Во Академија ЦЕС делуваат 6 сектори: 1. Стручни вештини – занаети и административни курсеви 2. Образование на возрасни – за личен и професионален развој 3. Обуки за вработени во јавна администрација 4. Јазични вештини и преводи 5. Обуки за наставници 6. Консалтинг услуги и работа со проекти ( ИПА, Еразмус+)

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата  овозможува  работно  оспособување  за  Слаткар – подготвувач на слаткарски производи во времетраење од 120 часа и опфаќа стручно теоретски содржини  кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во опремена слаткарска работилница. По успешното завршување на програмата учесникот ќе се стекне со знаење, вештини и компетенции за самостојно подготвување на слаткарски производи. Учесникот ќе се оспособи: да ја подготвува и организира сопствената работа; ракува и правилно користи апарати, уреди, машини и инвентар во слаткарница;  користи стручна терминологија при работа; применува правила, прописи и НАССР систем за хигиено-техничка заштита при работа; класификува поделба и примена на продукти според потекло; применува начини за подготвување производи од слатки теста кои се различни во процес на изработување; подготвува десерти со различна техника и процес на работа; приготвува кремови, полнила, преливи, глазури од различна област; пече и филува  пандишпан маси за изработување торти, мињони, пасти; комбинира начини за подготовка на ситни колачи различни по состав, вкус и изглед; користи рецептури за подготовка на ладни и топли десерти; применува рецептури на десерти со темперирана чоколада; моделира, декорира и развива креативност при изработување на готови производи; комуницира со клиенти и соработници; работи во согласност со нормативи и прописи за заштита на работната средина и околина; ги познава правата од работен однос и можностите за отворање и водење на сопствен бизнис; развива работни, хигиенски навики, одговорност при работа во слаткарница и позитивни ставови кон угостителската дејност. По завршувањето на обуката учесниците полагаат завршен испит. Учесниците кои успешно ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со сертификат за Слаткар – подготвувач на слаткарски производи по верифицирана програма.

Верификацијата истекува во март 25, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 16 години.
Потребно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).
Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

40

Пракса

80

Оценување

Вкупен број на часови

120

Датум на верификација

25/03/2024

-

РАКУВАЧ СО БАГЕР

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content