Подготвувач на слаткарски производи

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата овозможува работно оспособување за Подготвувач на слаткарски производи. Истата е со тромесечно времетраење, односно 320 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во слаткарска работилница, ресторани и хотели.

По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи: да ја подготвува и организира сопствената работа; да комуницира со клиентите и соработниците; да приготвува различни видови теста; да пече слатки и печива од различни видови теста; да приготвува полнила и филови, преливи, кремови, глазури; да приготвува десерти; да моделира и изработува производи од шеќер; да произведува чоколадни производи, сладолед;  да работи во согласност со нормативите и прописите за заштита на работната средина и околина; да ги познава правата од работен однос и можностите за отворање и водење на сопствен бизнис.

По завршувањето на обуката учесниците полагаат завршен испит. Учесниците кои успешно ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со сертификат за Подготвувач на слаткарски производи по верифицирана програма.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи да:

  • изведува работи и работни задачи Подготвувач на слаткарски производи;
  • приготвува различни видови теста и маси;
  • пече слатки и печива;
  • приготвува полнила и филови, преливи, глазури и премази, десерти во порции и национални десерти;
  • моделира и изработува производи од шеќер;
  • произведува чоколадни производи и различни видови сладолед;
  • работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите;
  • познава права од работен однос и можности за отвoрање и водење на сопствен бизнис.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку основно образование и над 15 годишна возраст, санитарна книшка

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

64

Пракса

224

Оценување

32

Вкупен број на часови

320

Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи да:

  • изведува работи и работни задачи Подготвувач на слаткарски производи;
  • приготвува различни видови теста и маси;
  • пече слатки и печива;
  • приготвува полнила и филови, преливи, глазури и премази, десерти во порции и национални десерти;
  • моделира и изработува производи од шеќер;
  • произведува чоколадни производи и различни видови сладолед;
  • работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите;
  • познава права од работен однос и можности за отвoрање и водење на сопствен бизнис.

Датум на верификација

06/05/2019

Тетово

ФРИЗЕР

ЗАВАРУВАЧ

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content