РАКУВАЧ СО БАГЕР

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата Ракувач со багер овозможува работно оспособување на учесникот односно стекнување на знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување со багер и управување на багерот на работното место. Учесникот да се оспособи да планира и организира работа со багер, негова рационална искористеност, подготвува, проверува исправност на алат, ракува и управува со багерот, изведува ископи, товара ископан материјал, користи технички упатства за ракување, пополнува докумантација, се грижи за безбедноста при работа, здравјето и заштитата на работната околина.

Програмата преку предвидената реализација на практичната и теоретската обука води до стекнување на Сертификат – „Ракувач со багер“. Програмата е со времетраење од 120 часа од кои 40 часа теоретска настава и 80 часа се практична настава. Теоретската настава се одвива во училници или кабинети, а практичната обука се изведува во реални услови/компанија.
Вреднувањето на постигањата на учесниците во програмата ќе се реализира преку завршен испит. Завршниот испит, исто така се состои од теоретски и практичен дел.
Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењата, вештините и способностите кои се составен дел од програмата за обука. Практичниот дел од испитот подразбира теренска проверка на стекнатите знаења од ракување на багерот на соодветна локација. По успешно положениот завршен испит учесникот се стекнува со сертификат – РАКУВАЧ СО БАГЕР.

Верификацијата истекува во ноември 8, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

arsim minimal fillor, posedon të patentë shofer të kategorisë “B”.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

40

Пракса

80

Оценување

Вкупен број на часови

120

ПОВРЗАНИ ПРОГРАМИ

Датум на верификација

17/10/2023

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content