Надградба на нокти

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења и вештини, компетенции за примена на основните техники во Декоративниот маникир. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салон, применува санитарно технички норми за спроведување на козметичка дејност,подготвува работно место и клиент за третман, изведува основни техники  во надградба на ноктите и декорација на надградениот нокт, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина, комуницира и соработува во тим. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука. Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука и на завршниот испит. За проверка на знаењата и вештините ке се применуваат методите:  усно и писмено проверување, практична работа и портфолио од вежби. На крајот од обуката учесниците полагаат завршен испит и се стекнуваат со сертификат по верифицирана програма за Надградба на нокти.

Времетраењето на програмата 140 часа од кои 32 часа теорија, 108 часа практична обука. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви кај Декоративниот маникир (Напреден курс и Специјализиран курс).

Верификацијата истекува во јануари 23, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години.
Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).
Дополнителни барања за кандидатите, односно дополнителни услови не се бараат.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

32

Пракса

108

Оценување

Вкупен број на часови

140

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content