Козметичар за нега на лице и тело

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата Козметичар за нега на лице и тело е учесникот да стекне знаења и вештини, компетенции за примена на основните техники во козметиката за нега на лице и тело, како и правилно користење на козметичките средства за работа, опрема, производи и инвентар. Начинот на реализацијата на програмата е преку теоретската настава и практична обука и води до стекнување на сертификат за козметичар за нега на лице и тело.

Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 50 часа стручна теорија, 150  часа се практична обука. Програмата ќе се изведува во траење од 2 месеци и тоа секој работен ден по 4 часа.

Програмата е организирана во 5 модули.

Модул 1. Планирање и организирање на работата и просторот во козметичкиот салон

Модул 2. Градба, функција на кожа

Модул 3. Третмани ла лице врат и Деколте

Модул 4.  Масажа на тело и депилација на тело

Модул 5. Маникир и педикир

Програмата ќе се реализира во простор опремен со нагледни средства за теоретскиот дел и козметички салон за практичниот дел. Од наставен кадар ќе бидат вклучени за реализација на торетскиот дел – лице со завршени студии по медицина VII/1 степен или 240 ЕКТС и за практичниот дел – козметичар со минимум 3 години работно искуство. Проверка на знаењата и вештините се изведува во текот на обуката и на крај со завршен испит, кој се состои од теоретски дел- тест на знаење и практична задача. Услов за полагање на завршен испит е учесниците да ги поминат сите модули.

По успешно положен завршен испит учесникот ќе се стекне со сертификат за работно оспособување за  Козметичар за нега на лице и тело.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа.  

Верификацијата истекува во мај 9, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот да има завршено најмалку основно образование и возраст над 15 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

60

Пракса

140

Оценување

0

Вкупен број на часови

200

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content