Ментор за работна интеграција

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Со програмата за обука на ментори за работна интеграција, се има за цел да се оспособат лица кои ќе менторираат, односно ќе им помагаат на долгорочно невработени и маргинализирани лица од пазарот на трудот побрзо да се интегрираат на пазарот на труд.

Кога станува збор за лице кое што долго време било исклучено од пазарот на труд или никогаш не добило шанса да биде дел од него, процесот на работна интеграција е комплексен и честопати придружен со бројни предизвици. Времетраењето на овој процес кај различни лица е различен и зависи од бројни внатрешни и надворешни фактори. И едните и другите, треба да се земат во предвид и во исто време да се надминуваат пречките кои што произлегуваат од нив и го отежнуваат процесот на работна интеграција. Овој процес станува уште покомплексен и поради тоа што организациите/компаниите немаат соодветна подготвеност за интегрирање на потешко вработливи лица, нема доволно социјални претпријатија кои би ги подготвувале овие лица за влез на пазарот на труд, а нема ниту програми кои што ги поддржуваат лицата во процесот на работна интеграција. Согласно ова, од една страна имаме висока стапка на невработеност, а од друга, компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила и висока стапка на заминување на нововработени работници поради неможноста да бидат соодветно интегрирани. .

Програмата „Ментор за работна интеграција“ вклучува содржини што опфаќаат  организирање  и реализирање  средби со  одговорни лица во институции кои се вклучени во поддршка на долгорочно невработени лица, активности за идентификување на долгорочно неваботени лица, определување модели на менторирање и советување на лица за работна интеграција, проценување  оспособеност на менторираното лице за работна интеграција, потоа има содржини на процесот на менторирање , мониторирање и еваулација на  процесот на менторирање, изработка и спроведување на индивидуален план за развој и вработување (ИПРВ) на менторираното лице, посредување на менторот помеѓу менторираното лице и бизис секторот и водење на евиденција и документација спроведување на активности за заштита и безбедност на менторираното  лице  во процес на менторирање.

 

Понудената едукативна програма користи два главни методи на учење, и тоа: методи на објаснување и информативно-рецептивни и репродуктивни методи- решавање на проблеми, како и поттикнување на истражување во рамките на темите. Предавање, дискусија, индивидуална домашна работа, работа во групи, работа на студија на случај се некои од техниките на пренесување и примена на знаење.

Проверката на стекнатото знаење се одвива преку прашалници за евалуација на степен на знаења пред и после тематските модули. Исто така, предавачите ќе даваат соодветен фидбек на работата во група и индивидуалните домашни задачи и соодветно ќе даваат препораки за сегменти во знаењето кои треба да се зајакнат кај учесниците во едукативната програма.

Времетраење на програмата е вкупно 150 часа, од кои 78 часа се теорија и 72 часа пракса.

Проверка на стекнатото знаење ќе се врши во текот на обуката после секој завршен модул.

По успешно завршување на реализацијата на програмата учесникот ќе се стекне со сертификат „Ментор за работна интеграција“.

Верификацијата истекува во декември 11, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Kandidati potencial duhet të ketë:

  • të ketë përfunduar së paku arsimin e lartë dhe/ose përvojë pune të përshtatshme të paktën një vjeçare, nga fusha e mbrojtjes sociale;
  • përvojë në aplikimin e instrumenteve të vlerësimit psikometrik;
  • të ketë njohuri për lëvizjet e tregut të punës në Republikën e Maqedonisë së Veriut;
  • përvoja dhe njohuritë e ndërmarrjeve sociale, kooperativave dhe organizatave të shoqërisë civile me veprimtari ekonomike në integrimin në punë të personave vulnerabël në tregun e punës:
  • njohuri dhe përdorim bazë të gjuhës angleze;

aftësitë bazë të TIK-ut.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

78

Пракса

72

Оценување

Вкупен број на часови

150

Датум на верификација

11/12/2023

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content