Главна цел на програмата е учесниците да стекнат компетенции од областа на комуникација со возрасни особено со лица од ранливи категории и со различни дигитални вештини со цел нивно дигитално описменување и подготвување за активно и безбедно користење на социјални мрежи и достапни интернет платформи.
Програмата опфаќа содржини од областа на дигитална писменост: основи за работа со компјутери, внесување и уредување текст, работа со табеларни податоци, социјални мрежи, Cyber security (безбедност на интернет), комуникација со возрасни особено со лица од ранливи категории.
За да се стекнат потребните знаења и вештини планирани се 170 часа, теорија 64 и 106 часа пракса.
Вреднувањето на знаењата ќе се врши континуирано во текот на наставата: ќе се следи редовноста на учесниците, активноста на часот, исполнителноста при изработка на домашните задачи и истражувања и постигнувањата на контролните тестови.
По завршувањето на обуката, учесниците полагаат завршен испит.
Со успешно завршување на обуката учесниците ќе добијат виштини и знаења за дигитално описменување на возрасни лица.
Верификацијата истекува во август 26, 2027