Масер

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за Масер – класична масажа им овозможува  на учесниците преку теоретска и практична настава да се оспособат да го организираат просторот и работата во салонот за масажа, да разликуваат  локомоторен апарат (апарат за движење, коски, мускули, зглобови), што е масажа, кои движења се применуваат во масажата, какви видови масажа постојат, индикации и контраиндикации за масажа, да комуницираат со клиенти и соработници.

Времетраењето на програмата е 210 часа, од кои теорија 50 часа и пракса 160 часа. Теоретскиот дел на наставата ќе се реализира  во училница, кабинет опремен според соодветни технички услови, а практичниот дел во салон за масажа.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука и тоа  усно и писмено, практична работа и завршен испит.

Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат за Масер по верифицирана програма. Програмата нуди можност за напредување на повисоко ниво.ки

Верификацијата истекува во мај 9, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Наполнети 17 години
минимум  основно образование

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

50

Пракса

160

Оценување

Вкупен број на часови

210

Датум на верификација

09/05/2022

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content