Програмата „Масер за козметичка масажа” е насочена кон стручно оспособување на учесниците за самостојно извршување работни задачи масер во козметички салон. Стекнатите вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Структурата на програмата е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит). Времетраење на програмата е 130часа.
Стручно-теретскиот дел од обуката ќе се реализира во училница-кабинет, опремен според правилникот за стандардите за просторот и опрема. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализира наставен кадар со завршени студии по медицина.
Практичниот дел од обуката ќе се реализира во козметички салони и опремени кабинети. Практичниот дел од обуката ќе го реализира лице со работно искуство-козметичар или масер.
По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно технички норми за спроведување на оваа дејност,подготвува работно место и клиент за третман, спроведува третмани на масажа на тело, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина,комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува.Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.. Кандидатот кој успешно ќе го положи завршниот испит се здобива со сертификат за „Масер за козметичка масажа”. Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа.
|
Верификацијата истекува во јануари 22, 2028