МАСЕР ЗА КОЗМЕТИЧКА МАСАЖА

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Примарната цел на програмата „Масер за козметичка масажа“е насочена кон професионално оспособување во областа  масажа на тело. Со помош на програмата, преку теоретска и практична настава, учесникот ќе се запознае со организацијата на работа во козметичките салони, со работниот простор, опремата и инвентарот. Да научи да применува различни масерски постапки. Ќе се применува стручна терминологија и учесниците ќе бидат запознаени со работните задачи, со правилата за безбедност и заштита при работа и здравје.

Теоретскиот дел ќе биде  реализиран од наставен кадар, согласно нормативот за наставен кадар за стручно образование, лекар по општа медицина, додека практичниот дел ќе биде рализиран од козметичар.

Оспособувањето за масер подразбира обука на која што учесникот во програмата ќе добие знаења и компетенции како што се: техника нарачна масажа, масажни зафати, техника на масажа на поедини делови од телото, како и употреба на козметички препарати за масажа. За време на обуката ќе се научи што значи професионален однос кон клиенти, успешна и квалитетна комуникација

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците во програмата, задолжително треба да имаат завршено основно образование и да се на возраст над 15 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

70

Пракса

80

Оценување

Вкупен број на часови

150

Датум на верификација

03/03/2020

Штип

Шминкер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content