Програмата „Kозметичар за нега на лице и тело” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно-технички норми за спроведување на козметичка дејност, подготвува клиент за третман, спроведува третмани на лице и тело, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина, комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот. Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на реализацијата ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 7 (Ресурси / опрема за настава и учење).
Структурата на програмата за „Kозметичар за нега на лице и тело” е следна:
• стручно–теоретски дел
• практична работа
• проверка на постигањата на учесникот (завршен испит)
Стручно–теретскиот дел од обуката ќе се реализира во училница или кабинет. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализира лице со завршен технолошки или медицински факултет.
Практичниот дел од обуката ќе се реализира во опременa училница или кабинет или козметички салон. Практичниот дел од обуката ке се реализира од страна на наставен кадар со завршено минимум средно образование и/или стекнат сертификат.
Третиот дел од програмата за козметичар за нега на лице и тело е проверка на постигнувањата на учесникот или завршниот испит.
Учесникот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за стручна оспособеност за Козметичар за нега на лице и тело . Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа – курсеви за козметичката струка
Верификацијата истекува во декември 1, 2025