Главна цел на програмата Козметичар за нега на лице и тело е учесникот да стекне знаења и вештини, компетенции за примена на основните техники во козметиката за нега на лице и тело, како и правилно користење на козметичките средства за работа, опрема, производи и инвентар. Начинот на реализацијата на програмата е преку теоретската настава и практична обука и води до стекнување на сертификат за козметичар за нега на лице и тело.
Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 50 часа стручна теорија, 150 часа се практична обука. Програмата ќе се изведува во траење од 2 месеци и тоа секој работен ден по 4 часа.
Програмата е организирана во 5 модули.
Модул 1. Планирање и организирање на работата и просторот во козметичкиот салон
Модул 2. Градба, функција на кожа
Модул 3. Третмани ла лице врат и Деколте
Модул 4. Масажа на тело и депилација на тело
Модул 5. Маникир и педикир
Програмата ќе се реализира во простор опремен со нагледни средства за теоретскиот дел и козметички салон за практичниот дел. Од наставен кадар ќе бидат вклучени за реализација на торетскиот дел – лице со завршени студии по медицина VII/1 степен или 240 ЕКТС и за практичниот дел – козметичар со минимум 3 години работно искуство. Проверка на знаењата и вештините се изведува во текот на обуката и на крај со завршен испит, кој се состои од теоретски дел- тест на знаење и практична задача. Услов за полагање на завршен испит е учесниците да ги поминат сите модули.
По успешно положен завршен испит учесникот ќе се стекне со сертификат за работно оспособување за Козметичар за нега на лице и тело.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа.
Верификацијата истекува во мај 9, 2025