Келнер гастроном

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата “Келнер гастроном” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на угостителството поточно од областа на послужувањето. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот во организација и реализација на технолошкиот процес на послужување.

Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање), практични методи (практична работа- вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 23 (опрема и наставни помагала).

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку  следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти и практична работа- вежби.

Структурата на програмата за “Келнер гастроном ” е следна:

 

  • стручно-теоретски дел,
  • практична работа и
  • проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).

 

  1. Стручно-теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, наставник со завршени студии по туризам и угостителство
  2. Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремени угостителски објекти, а со кандидатите ќе работат професори ментори или келнер со повеќегодишно работно искуство.
  3. Третиот дел од програмата за Келнер гастроном е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.

Кандидатот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за Келнер гастроном.

Времетраењето на програмата е 4 месеци или 16 недели или 180 часа.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за угостителски работници.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По завршувањето на обуката за Келнер гастроном кадидатот ќе биде способен да:

 

  • Објаснува и применува правила од стручното послужување во пракса
  • Применува стручна терминологија при стручно послужување
  • Објаснува за различни видови ресторани и барови
  • Применува стручно послужување во простории за вршење угостителска дејност;
  • Практично применува начини за приготвување, сервирање и послужување на безалкохолни пијалаци и напивки
  • Извршува работни задачи согласно различни работни места во просторите за послужување;
  • Практично спроведува и применува системи за послужување
  • Анализира, применува и помага при изборот според а-ла-карт, утврдено мени, table d’hote, етажно послужување
  • Практично применува комбинации за видови пансионски услуги.
  • Практично применува куверти за специјални јадења;
  • Комбинира различни видови основни барски пијалоци,
  • Подготвува основни барски пијалоци,
  • Послужува основни барски пијалоци
  • Анализира работни места во просторите за послужување;
  • Применува системи за послужување

 

  • Практично применува куверти за специјални јадења;
  • Кувертира и послужува специјални јадења
  • Кувертира национални јадења и пијалаци
  • Послужува различни видови оброци
  • Организира банкет и други свечени приеми
  • Извршува сложени работи и работни барменски работи
  • Применува современи системи на наплата

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Влез во програмата за кандидатите

 

Завршено минимум основно образование со навршени 15 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

30

Пракса

125

Оценување

25

Вкупен број на часови

180

По завршувањето на обуката за Келнер гастроном кадидатот ќе биде способен да:

 

  • Објаснува и применува правила од стручното послужување во пракса
  • Применува стручна терминологија при стручно послужување
  • Објаснува за различни видови ресторани и барови
  • Применува стручно послужување во простории за вршење угостителска дејност;
  • Практично применува начини за приготвување, сервирање и послужување на безалкохолни пијалаци и напивки
  • Извршува работни задачи согласно различни работни места во просторите за послужување;
  • Практично спроведува и применува системи за послужување
  • Анализира, применува и помага при изборот според а-ла-карт, утврдено мени, table d’hote, етажно послужување
  • Практично применува комбинации за видови пансионски услуги.
  • Практично применува куверти за специјални јадења;
  • Комбинира различни видови основни барски пијалоци,
  • Подготвува основни барски пијалоци,
  • Послужува основни барски пијалоци
  • Анализира работни места во просторите за послужување;
  • Применува системи за послужување

 

  • Практично применува куверти за специјални јадења;
  • Кувертира и послужува специјални јадења
  • Кувертира национални јадења и пијалаци
  • Послужува различни видови оброци
  • Организира банкет и други свечени приеми
  • Извршува сложени работи и работни барменски работи
  • Применува современи системи на наплата

Датум на верификација

21/05/2019

Скопје

Слаткар-гастроном

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content