Заваувач МИГ (Метал инертен гас) – МАГ (Метал активен гас)

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники на заварувачки  и репаратурни работи според пропишаниот МИГ( МЕТАЛ ИНЕРТЕН ГАС )  и  МАГ ( МЕТАЛ АКТИВЕН ГАС ) начин на заварување.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат ЗАВАРУВАЧ МИГ ( МЕТАЛ ИНЕРТЕН ГАС )  и  МАГ ( МЕТАЛ АКТИВЕН ГАС ).

Времетраење на програмата е 250 часа од кои 50 часа теоретска настава за модул 1 и по 100 часа практична настава за модул 2 и модул 3. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведуваат од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на професор наставник или дипломиран машински инжинер со работно искуство а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен  вработен во компанијата или обучувач со постсреднo  стручно образование.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По завршен модул 1 и модул 2 и успешно положен завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнуваат со сертификат  МИГ ( МЕТАЛ ИНЕРТЕН ГАС ) ЗАВАРУВАЧ.По завршен модул 1 и модул 3  и успешно положен завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции учесниците се стекнуваат со сертификат  МАГ ( МЕТАЛ АКТИВЕН ГАС ) ЗАВАРУВАЧ.По завршени модул 1 , модул 2 и модул 3 учесниците се стекнуваат со сертификат ЗАВАРУВАЧ  МИГ ( МЕТАЛ ИНЕРТЕН ГАС ) -МАГ ( МЕТАЛ АКТИВЕН ГАС ).

Верификацијата истекува во октомври 1, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците во програмата е потребно да имаат завршено најмалку основно образовние  и над 17 години старост

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

50

Пракса

200

Оценување

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

01/10/2024

-

Оператор на ЦНЦ машина

Металостругар

Бравар

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content