Бравар – заварувач

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата ќе се реализира преку следниве модули (заеднички и технички):

(теорија+пракса+оценување):

1.     Планирање, подготовка и организирање на работно место ( 8  час. теорија + 8  час. пракса + 45 мин. оценување  )

2.     Административно комерцијални работи ( 8  час. теорија + 8  час. пракса + 45 мин. оценување)

3.     Комуникација ( 8  час. теорија + 8  час. пракса + 45 мин. оценување  )

4.     Заштита на работата, здравјето и околината ( 8  час. теорија + 8  час. пракса + 45 мин. оценување)

5.     Обезбедување и осигурување на квалитет ( 8  час. теорија + 8  час. пракса + 90 мин. оценување)

6.     Одржување и поправка ( 8  час. теорија + 8  час. пракса + 90 мин. оценување)

 

Технички модули (теорија+пракса+оценување):

1.     Технологија на браварството (16  час. теорија + 128  час. пракса + 150 мин. оценување )

2.     Технологија на рачно електролачно и пламенско заварување ( 16  час. теорија + 128  час. пракса + 150 мин. оценување )

3.     Технологија на ТИГ заварување (16  час. теорија + 128  час. пракса + 150 мин. оценување)

4.     Технологија на МИГ/МАГ заварување (16  час. теорија + 128  час. пракса + 150 мин. оценување )

 

Времетраењето на програмата е 672 часа од кои 112 часа теоретска обука, 560 часа се практична обука и 16 часа оценување, односно 104 часа за заедничките модули и 586 часа за техничките модули.

Обуката се организира и реализира во училниците и работилниците  на училиштето.

При разработката  на теоретскиот дел се води сметка за индивидуалните можности и способности на кандидатите. Теоретскиот дел се реализира преку активни методи. Училницата е опремена со табла, видео бим потребните наставни средства и нагледни материјали за демонстрација.

Вештините потребни за занимањето се постигнуваат преку планирани практични вежби во училишната работилница.

Вежбите за практична обука се осмислени така  да имаат последователност, условеност и корелација со сознанијата кои кандидатите ќе ги стекнат со стручната теорија.

Кандидатот има свое работно место. Опремата одговара на потребите за стекнување на поставените цели за да се добијат бараните компетенции.

Кандидатите за време на обуката континуирано се следат во постигањето на целите од страна на обучувачите преку писмена и практична проверка. Резултатите од проверките се евидентираат во соодветни листи за вреднување за секој кандидат.

 

 

По успешното завршување на сите модули кандидатот успешно ја завршил обуката и се стекнува со сертификат Бравар – заварувач.

Вреднувањето на стекнатите компетенции се врши во три нивоа: високо, средно и ниско кое се внесува во листите за вреднувањето се врши во текот на целата обука и за секоја тематска целина поодделно.

 

Учесникот во обуката што ќе ги помине сите заеднички модули и сите технички модули ќе се стекне со сертификат за Бравар – заварувач

 

Учесникот во обуката што ќе ги помине заедничките модули и еден од техничките модули, во зависност од техничкиот модул, ќе се стекне со еден од следните парцијални сертификати:

·         Бравар-помошник (Заеднички модули + технички модул 1)

·         Заварувач-помошник со електролак и пламен (Заеднички модули + технички модул 2)

·         Заварувач-помошник со МИГ/МАГ заварување (Заеднички модули + технички модул 3)

·         Заварувач-помошник со ТИГ заварување (Заеднички модули + технички модул 4)

 

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Кандидатот:

  • Ја распознава опремата, приборот и уредите за заварување;
  • Користи опрема за заварување;
  • Чита техничка документација;
  • Врши  подготовка на материјалите за  заварување ;
  • Успешно заварува во заштитна атмосфера на аргон со нетоплива електрода, гасно и електролачно рачно;
  • Го чува алатот и приборот во исправна состојба;
  • Ги контролира заварени споеви;
  • Применува соодветен алат, опрема,  средства и машини за работа,
  • Изведува браварски  работи со  технолошки и изведбени постапки за производство и монтажа на браварски елементи и покривни браварски конструкции по барања на проектот и инструкциите на претпоставените
  • Ги користи стручната литература и упатсвата за квалитетно извршување на работата;
  • Ги применува мерките за лична заштита и заштита на околината.
  • Се грижи за животната и работната средина;
  • Развива одговорност при работа и интерес за доживотно учење;
  • Работи во тим

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено минимум основно образование и возраст најмалку од 18 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

112

Пракса

560

Оценување

16

Вкупен број на часови

672

Кандидатот:

  • Ја распознава опремата, приборот и уредите за заварување;
  • Користи опрема за заварување;
  • Чита техничка документација;
  • Врши  подготовка на материјалите за  заварување ;
  • Успешно заварува во заштитна атмосфера на аргон со нетоплива електрода, гасно и електролачно рачно;
  • Го чува алатот и приборот во исправна состојба;
  • Ги контролира заварени споеви;
  • Применува соодветен алат, опрема,  средства и машини за работа,
  • Изведува браварски  работи со  технолошки и изведбени постапки за производство и монтажа на браварски елементи и покривни браварски конструкции по барања на проектот и инструкциите на претпоставените
  • Ги користи стручната литература и упатсвата за квалитетно извршување на работата;
  • Ги применува мерките за лична заштита и заштита на околината.
  • Се грижи за животната и работната средина;
  • Развива одговорност при работа и интерес за доживотно учење;
  • Работи во тим

Датум на верификација

18/03/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content