ДИЈАГНОСТИЧАР НА НЕИСПРАВНОСТИ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата  за  дијагностичар на неисправности на моторни возила има за цел  учесникот да стекне вештини и знаења за да може да  ја планира и организира својата работа, го подготвува работното место, работните уреди, алатот и материјалот, рационално го користи времето, материјалот и енергијата, обезбедува квалитетни услуги и извршени работи, комуницира со соработниците и клиентите, со почитување на деловните принципи, контролира исправност на системи, утврдува неисправности на деловите, демонтира и монтира делови, користи електрични величини за реализација на конкретни проблеми, мери електрични величини, чита и толкува измерени вредности од електрични мерни инструменти, чита електрични шеми, утврдува правилна работа на сензори, испитува сензори, користи програми за моторни возила во електронска форма, користи уреди за ОБД дијагностика и лоцира неисправности на возилото.

 

Програмата ќе се реализира со предвидени  160 часови, од кои 40 часа се за  теоретска настава и  120 часови се предвидени за практична настава. Теоретската настава ќе се спроведе во  просторија  во рамките на  компанијата, а прасктичната обука во специјализирана работилница за компјутерска дијагностика.

Оценувањето на учесниците ќе се врши континуирано во текот на обуката, а по завршување на првиот модул  предвиден  е тест, а по завршување на вториот модул  ќе се полага завршен испит составен од  тест за теоретскиот дел и практична изработка на зададена заача.

По успешно положениот завршен испит учесникот се стекнува со сертификат за  Дијагностичар на неисправности на моторни возила.

Верификацијата истекува во мај 31, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесници во програмата можат да бидат лица кои:

– имаат завршено најмалку средно образование,

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

40

Пракса

120

Оценување

0

Вкупен број на часови

160

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content