Естетичар за нега на раце и нозе

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата „Естетичар за нега на раце и нозе” е стручно оспособување на учесникот од областа на козметиката со која се стекнуваат знаења, вештини и компетенции за нега и одржување на кожа на раце и нокти и на кожа на стапала и нокти.

По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно технички норми за спроведување на козметичка дејност, подготвува работно место и клиент за третман, спроведува третмани на маникирање и декорација на ноктите на рацете и педикир и декорација на ноктите на нозете со примена на различни техники, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина, комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе му помогнат на учесникот за полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот. Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Начин на реализација на програмата  за „Естетичар за нега на раце и нозе” е следна: теоретски дел, практична обука и проверка на постигањата на учесникот (завршен испит).
Програмата ќе се реализира во опремена просторија.

Учесникот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат по програма за „Естетичар за нега на раце и нозе”

Времетраењето на програмата е 80 часа.

Верификацијата истекува во јуни 20, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено основно образование и најмалку 15 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

20

Пракса

60

Оценување

Вкупен број на часови

80

Датум на верификација

20/06/2024

-

Масер, велнес и спа

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content