Дигитален Маркетер

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Дигитализацијата зема се поголем замав, а целта на оваа програма е ученикот да ја разбере примената и да се подготво за новите барани актуелни позиции за вработување.

Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со вештини за дигитален маркетар, што значи ќе може самостојно да раководи со бизнис страници на компании кои имаат онлајн присуство и да допринесе во зајакнување на нивниот бренд или зголемување на нивната продажба. Знаењето, вештините и компетенциите кои ќе ги стекне ќе му овозможат повеќе работни позиции и тоа: Дигитален маркетер – комплетен креатор на реклами од текст, дизајн, слика, поставки и таргетирање на публика, пишувач на текстови за повеќе намени, администратор на социјални медиуми – како канали на продажба, а дополнително ќе научи начини на заработка онлајн, поттик и вештини за претприемач и мотивација самостојно да отвори и раководи со свој сопствен бизнис.

Лицата со хендикеп кои ќе бидат учесници во оваа програма, ќе имаат можност веднаш да се приклучат на пазарот на трудот и да отворат свој профил на онлајн платформата која им овозможува да се престават директно пред бизнисите со своите вештини, знаења и кометенции каде директно ќе можат да ги понудат своите дигитални услуги.

Програмата е прилагодена комплетно за почетници и во нејзината подготовка учество земаа и лица со попреченост и е напишана и ќе се спроведува на начин на кој е комплетно разбирлив за нив, а користени се меѓународни модули и примери.

Времетраењето на обуката е 180 часа од кои 60 часа теорија и 120 часа практична работа и вежбање на реални проекти од компании, а учесникот ќе има предност при изборот за кандидати за работа при преставувањето на своето ЦВ и портфолио пред нив.

По завршувањето на програмата лицето се стекнува со сертификат, дигитален маркетер.

Ученикот/ученичката:

 

  • Стекнува основни знаења за традиционалниот маркетинг и дигиталниот маркетинг;
  • Распознава основни дигитални канали на продажба и принципи;
  • Користи социјални медиуми за бизнис намена
  • Идентификува видови и таргетира публика;
  • Креира маркетинг стратегија за производи и услуги;
  • Создава објави кои поттикнуваат побарувачка на пазарот;
  • Објаснува бенефити за производ или услуга;
  • Разликува платен од бесплатен маркетинг;
  • Покажува познавање на елементите на маркетинг миксот;
  • Користи методи на платен маркетинг
  • Прави анализа на конкуренцијата на пазарот;
  • Објаснува стрктура на трошоци од анализи од објави;
  • Соработува во група, да го согледа значењето на тимската работа за постигнување на успех во работењето.
  • Развива претприемнички вештини и способности;
  • Идентификува претприемнички карактеристики;
  • Поттикнува креативно размислување;
  • Развива позитивен однос кон системот работа од дома или онлајн;
  • Транспарентно ги претставува карактеристиките и бенефитите од тоа што го нуди;

Развива доживотно учење со цел за стручен развој и развој на работното  портфолио

Верификацијата истекува во август 3, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Со завршено минимум основно образование, минимум 15 годишна возраст.

(програмата е прилагодена за лица со хендикеп, самохрани мајки, роми и останати маргинализирани – ранливи категории – групи)

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

60

Пракса

180

Оценување

0

Вкупен број на часови

180

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content