Ракувач на вилушкар

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Оваа програма за работно оспособување за занимањето ракувач на вилушкари на учесниците во програмата им овозможува да се стекнат со знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување и управување со вилушкарите на работното место. Програмата опфаќа практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат насловен како Ракувач на вилушкар

Програмата е во времетраење од два месеци, се состои од вкупно 144 часови од кои 32 часа се за теоретска настава, 96 часа се за практична обука во работилница, погон или реални работни услови и 16 часа се наменети за оценувањето.

Теоретската обука ќе се одвива во училница – кабинет. Практичната обука ќе се изведува во реални услови/компанија, каде учесниците во програмата ќе бидат под водство на ментор вработен во компанијата.

Учесниците кои успешно ќе ја завршат обуката, ќе бидат оспособени самостојно да ракуваат со вилушкари, ќе стекнат работни навики и дисциплина, ќе ги применуваат средствата за безбедност при работа, ќе се грижат како за сопствената безбедност така и за безбедноста на другите лица, ќе развијат способности за прецизност и одговорност при изведувањето на работните операции со вилушкари, како што се:ракување и управување со вилушкари при изведба на работи – подигнување и пренесување на товар во хали и на терен; ги користи техничките упатства за ракување, пополнува пропишана документација, гарантира за квалитетот на извршените работи и одговара за нив, развива свест за превентивно одржување вилушкарите во исправна состојба.

По завршувањето на обуката кандидатите полагаат завршен испит. По успешно положениот завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат Ракувач на вилушкар

Верификацијата истекува во октомври 15, 2024

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку основно образование

Возраст над 17 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

32

Пракса

96

Оценување

0

Вкупен број на часови

128

Датум на верификација

15/10/2021

-

Ракувач на дигалки

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content