Програмата Готвач – е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на гастрономијата поточно од областа на готварството. Стекнатите знаења и вештини ќе бидат во насока на помагање на кандидатите во зголемување на конкурентноста на пазарот на трудот, зголемување на можностите за вработување. Кандидатите ќе се оспособат за вклучување во организацијата на работата во кујната и за реализација на разни начини и техники на приготвување на храната. Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно излагање, дискусија), визуелни (демонстрација), практични методи (практична работа- вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана теоретска и практична активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се неопходни за реализација на содржината на наставната програма во која спаѓаат опрема, апарати, инвентар и материјали. Оценувањето на постигнувањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целата обука преку усно-излагање, писмени-тестови на знаења на определени тематски целини и практични вежби каде што кандидатите ќе ги презентираат своите техники и вештини на готвење. Структурата на програмата за Готвач е следна:
Стручно-теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутер, интернет, ТВ, друга аудио и видео опрема. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, наставници со завршени студии по туризам и угостителство |
Верификацијата истекува во јуни 9, 2026