Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетентност за примена на основните техники за лидерство и јавен говор. Програмата опфаќа теоретски дел и практичен дел. Во теоретскиот дел се опишани најважните делови поврзани со истакнување на знаења од областа на лидерство, уметноста на јавното и неформалното говорење и јавниот говор. Во практичниот дел, се очекува од учесниците во групи да вежбат и да управуват со групата, како начин каде тие ќе ги покажат научените вештини од теоретскиот дел.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку усна и практична проверка на знаење на општи техники и дефиниции за лидерстово и јавно говорење (согласно тоа што денешните автори констатират дека лидерството е област која може да се учи и осовршува со труд) со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетентноста. Целта е да се потврди дека од страна на учесниците се усвоени поголемиот дел од предаваниот материјал (е потребно солидно заење од повеќе од 70% од материјалот) и способноста да ги имплементираат и демонстрираат стекнатите вештини.
По завршување на програмата учесниците се здобиват со Сертификат за Вештини за лидерство и јавен говор.
Во програмата може да се вклучат учесници со завршено минимум средно образование. Времетраењето на програмата 250 часа.
Учесниците по завршувањето на програмата ќе се стекнат со квалификациите потребни за водење на тим и јавно говорење.