Англиски јазик за возрасни

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главната цел на оваа програма е да се овозможи стекнување знаења, компетенции и унапредување на јазичните и комуникациските вештини кај возрасни лица со интерактивен пристап во однос на англискиот јазик и да се овозможи стандарден модел на евалуација на јазичните компетенции што ќе води до квалификација или сертификат за општо познавање на англискиот јазик по стандардите дефинирани според Заедничката референтна рамка (CEFR), признаен и потврден од надлежните институции и како таков конкурентен на пазарот на трудот. Оваа програма е поделена на модули според нивото на познавање на англискиот јазик на учесниците што овозможува постепено усвојување на знаењата и нивна практична примена во секојдневната комуникација. Модулите се поделени на: почетно ниво А1, основно ниво А2, средно ниво Б1 и напредно ниво Б2; Времетраење на програмата на секој модул поединечно е 68 часа од 90 минути од кои 30 часа се теоретска обука, а 38 часа се практична обука. Програмата ќе ја реализираат дипломирани професори по англиски јазик. На кандидатите им е овозможено да се вклучат во модуларниот систем на обука според своите предзнаења кои се проверуваат преку неформално тестирање и интервју од страна на професорите/обучувачите. Откако ќе се одреди степенот на познавање на англискиот јазик, учесниците ќе бидат ставени во групи до 10 учесници, кои ќе посетуваат настава двапати неделно по 90 минути и за кој период ќе треба да ги поминат сите наставни единици предвидени со наставната програма за одреден модул, за што има предвидено неформални и формални методи на оценување на знаењето и јазичните компетенции на учесниците во програмата. Неформалните методи за евалуација се проектираат од страна на секој професор/обучувач индивидуално, во зависност од потребите на соодветната група возрасни лица кои се учесници во програмата, додека формалната евалуација се состои од четири формални теста: завршен тест на крајот од секој модул, проследени со интервју на кое точно се утврдуваат јазичните компетенции на учесниците. По успешно положените тестови и интервјуа на учесниците им се дава сертификат со исказ за нивото на стекнато општо познавање на англискиот јазик според Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR). Со овој сертификат учесниците може да продолжат да го надградуваат своето познавање на англискиот јазик, но и да бидат конкурентни на пазарот на трудот, како во земјата така и во странство.

Верификацијата истекува во март 24, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Различни профили на учесници со завршено минимум основно образование со или без предзнаење на странскиот јазик

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

120

Пракса

172

Оценување

0

Вкупен број на часови

272

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content