Програмата Ракувач на багер овозможува работно оспособување на учесникот односно стекнување на знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување со багер и управување на багерот на работното место, Учесникот да се оспособи да планиара и организира работа со багер, негова рационална искористеност, подготвува, проверува исправност на алат, ракува и управува со багерот, изведува ископи, товара ископан материјал, користи технички упатства за ракување, пополнува докумантација, се грижи за безбедноста при работа, здравјето и заштитата на работната околина.
Програмата преку предвидената реализација на практичната и теоретската обука води до стекнување на Сертификат – „Ракувач на багер“. Програмата е со времетраење од 125 часа од кои 40 часа теоретска настава и 80 часа се практична настава. Теоретската настава се одвива во училници или кабинети, а практичната обука ќе се изведува во реални услови/компанија. |
Верификацијата истекува во март 11, 2024