Ракувач на багер

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата Ракувач на багер овозможува работно оспособување на учесникот односно стекнување на знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување со багер и управување на багерот на работното место, Учесникот да се оспособи да планиара и организира работа со багер, негова рационална искористеност, подготвува,  проверува исправност на алат, ракува и управува со багерот, изведува ископи, товара ископан материјал, користи технички упатства за ракување, пополнува докумантација, се грижи за безбедноста при работа, здравјето и заштитата на работната околина.

Програмата преку предвидената реализација на практичната и теоретската обука води до стекнување на Сертификат – „Ракувач на багер“. Програмата е со времетраење од 125 часа од кои 40 часа теоретска настава и 80 часа се практична настава. Теоретската настава се одвива во училници или кабинети, а практичната обука ќе се изведува во реални услови/компанија.
Вреднувањето на постигањата на учесниците во програмата ќе се реализира преку завршен испит. Завршниот испитот, исто така се состои од теоретски и практичен дел.
Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењата, вештините и способностите кои се составен дел од програмата за обука. Практичниот дел од испитот подразбира теренска проверка на стекнатите знаења од ракување на багерот на соодветна локација. По успешно положениот завршен испит учесникот се стекнува со сертификат – РАКУВАЧ СО БАГЕР.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесници во програмата можат да бидат лица кои:

– имаат завршено најмалку основно образование,

– поседуваат возачка дозвола од „Б“ категорија.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

40

Пракса

85

Оценување

Вкупен број на часови

125

Датум на верификација

11/03/2021

-

ШМИНКЕР

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content