Програмата за занимањето Производител на леб, бурек и бели печива е во времетраење од 300 часа и се темели на стандардите за занимањето чии компетенции се постигнуваат преку стручно теоретски содржини и практична обука. Содржините од стручната теорија се реализираат во времтраење од 65 часа и се изведуваат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во работилници за производство на леб, бурек и бели печива. Практичната обука е во времетраење од 205 часа, а оценувањето ќе се реализира во времетраење од 30 часа. Обуката по програмата се изведува од искусни обучувачи од областа на производство на леб, бурек и бели печива. Програмата се реализира преку следните тематски целини: Организација и подготовка на работното место, Микробиологија на храна и санитација, Суровини во пекарството, Производство на леб, Производство на бели печива, Производство на пита, бурек и лиснато тесто, Изработка на квасни теста за пржење и Бизнис и права од работен однос. По успешното завршување, учесникот се стекнува со сертификат по верификувана програма од ЈУ Центар за образование на возрасните.
