Програмата за претприемништво ќе опфати 50 часа. Главна цел на обуката е учесниците да ги разбираат основите и принципите на претприемништвото, да можат да спроведат истражување во врска со претприемничка идеја, да предложат ефективни насоки за делување на постоечки претприемнички бизниси, да дизајнираат конкурентен бизнис модел, да развијат маркетинг план, оперативен план, финансиски план , да ја подобрат креативноста и иновативноста. Теоретска настава се состои од интерактивни методи за учење на возрасни, а практичната обука се состои од активности организирани со тестови, вежби, презентација на успешни практики, индивидуална и групна работа, опис на бинзис идеја и на Бизнис план. По успешно завршената обка учесникот полага завршен испит и се стекнува со државно признат Сертификат.
