Програмата опфаќа стекнување знаења, вештини и компетенции за планирање и испорачување на социо-здравствени услуги во делокругот на палијативна нега , Оваа програма е со времетраење од 250 часа од кои 90 часа стручно теоретски содржини кои се во функција на практичната обука која е со времетраење од 160 часа. Програмата за практична обука се изведува во домот на лицето под палијативна нега, центар или институции за сместување на лица кои имаат ваква потреба. Програмата ја изведуваат стручни лица со долгогодишно искуство и работа во палијативна нега. По успешното завршување на програмата Учесникот ќе се стекне со верифициран сертификат за Палијативен/а негувател/ка на изнемоштени лица.
Верификацијата истекува во декември 23, 2023