Негувател/ка на стари и немоќни лица

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата „Негувател/ка на стари и немоќни лица“ ќе овозможи работно оспособување на учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за самостојно да дава помош и нега на лица кои поради возраст, хронични болести, попреченост имаат потреба за помош.

 

Теоретската настава се одвива во училници или кабинети, а практичната обука ќе се изведува во домови за сместување на стари лица или други установи и институции .

Проверување на постигањата на учесниците во програмата ќе се реализира преку завршен испит и тековно водење на портфолио/досие за секој учесник. Завршниот испитот, исто така се состои од теоретски и практичен дел.
Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од модулите кои се составен дел од програмата за обука.

Практичниот дел од испитот подразбира проверка на стекнатите вештини за извршување на работните задачи на неговател/ка на стари и немоќни лица.

 

По успешно положениот завршен испит учесникот ќе се стекне со сертификат – Негувател/ка на стари и немоќни лица

Времетраењето на програмата е 215 часа од кои 75 часа се теорија, 140 часа припаѓаат на практична обука.

Верификацијата истекува во март 15, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесници во програмата можат да бидат лица кои:
– имаат завршено најмалку основно образование,да имаат добра здравствена состојба, со доставување на потврда/изјава за интегритет и потврда за добрта здравствена состојба

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

75

Пракса

140

Оценување

Вкупен број на часови

215

Датум на верификација

15/03/2023

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content