Програмата овозможува работно оспособување за Негувателка на деца и истата е со тромесечно времетраење, односно 360 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на вежбите и практичната обука. Стручно теоретските содржини се темелат на современи научни сознанија од детските психосоцијални карактеристики на детето и педагогијата за ран детски развој, интеграција и инклузија.
Практичната обука се изведува преку вежби и практична работа во детски градинки, центри за ран детски развој, дневен престој под менторство на негователки и воспитувачи со долгогодишно искуство во оваа дејност. Практичната обука се изведува во групи заради поголема ефикасност при реализација на планираните активности. По завршувањето на секоја тематска целина се врши усна, писмена и/или практична изведба на активности за проверка на постигнатоста на целите од програмата.Учесниците кои со успех ќа ја завршат програмата полагаат завршен испит пред комисија. Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испитот се стекнуваат со Сертификат „Негувателка на деца“ по верифицирана програма од Установа верифицирана од Министерството за образование и наука на РМ. Програмата дава можност за вертикална проодност од повисоко ниво.