Оваа програма овозможува оспособување на кандидатите за монтери да се стекнат со знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување и управување со машините на работното место. Програмата опфаќа практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат. „Монтер на лифтови и ескалатори“
Планирано е двомесечно времетраење на програмата и тоа вкупно 232 часа од кои 66 часа се за теоретска обука, 134 часа се за практична обука во работилница, погон или реални работни услови и 32 часа се наменети за оценувањето.
Теоретската обука ќе се одвива во училница – кабинет, а практичната обука ќе се изведува во реална компанија, Обуката се организира и реализира во училниците и работилниците на здружението. Се организира тимска работа за реализација на поставените стручни компетенции на кандидатите. Секој кандидат има свое работно место, групата која се обучува не треба да биде поголема од 12 кандидати. Се работи во специјализиран кабинет за Сервисер на лифтови и ескалатори. Опремата одговара на потребите за стекнување на поставените цели за да се добијат бараните компетенции. Се обезбедуваат основни и посебни услови и средства за безбедност и здравје при работа како на просторот така и лична и колективна заштита на учесниците на обуката. Сите кандидати задолжително треба да присуствуваат најмалку на 70% од часовите.
Кандидатите ќе бидат под менторство на претставник од здружението и ментор вработен во компанијата. Кандидатите кои успешно ќе ја завршат програмата, ќе бидат оспособени самостојно да монтират лифтови и ескалатори, ќе стекнат работни навики и дисциплина, ќе научат да ги применуваат средствата за безбедност при работа, ќе научат да се грижат како за сопствената безбедност така и за другите лица, ќе развијат способности за прецизност и одговорност при изведувањето на работните операции, користи техничките упатства за монтажа, пополнува пропишана документација, гарантира за квалитетот на извршените работи и одговара за нив, ќе познаваат права од работни односи, работна етика, сопствен бизнис, ќе развијат свест за превентивно одржување на лифтовите во исправна состојба.
По завршувањето на обуката кандидатите полагаат завршен испит. По успешно положениот завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Монтер на лифтови и ескалатори“
