Асистент за поддршка и грижа на деца со попреченост

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Асистентите  за поддршка и грижа на деца со попреченост се обучени за навремена и рана асистенција на децата со пречки во развојот преку стимулација на психичките, когнитивните и моторните активности. Преку индивидуалните пристапи ќе овозможат стимулација на говорно јазичната компонента и воедно ќе ја поттикне социјалната свера на зреење. Асистентите ќе можат да ги препознаат првите знаци на нарушување кај децата и да применат соодветна техника и метода за работа со истите како и да понудат поддршка, грижа и интервенција во вистинско време. Асистент за поддршка и грижа на деца со попреченост можат да работат во различни објекти како семејни куќи, младински центри, центри за деца на рана возраст детски градинки, училишта, центри за деца со посебни потреби и центри за правна заштита за малолетни лица, детски центри, образовни средини и во заедницата.  Како резултат од спроведената обука се очекува кандидатите да се стекнат со следниве способности и компетенции

  • Познава типичен развој на децата од предшколски и школски години,
  • Познава видови попреченост во раната детска возраст,
  • Познава отстапувања од типичен развој (моторно, когнитивно, социјално)
  • Оганизира и поврзува активности кои го поттикнуваат психомоторниот и когнитивниот развој на детето.;
  • Развива когнитивни способности кај децата со пречки во развојот
  • Поттикнува и развива социо-емоционални способности кај децата со пречки
  • Разликува комуниукациски способности кај деца од рана  возраст (испуштање на гласови,говор на тело и сл
  • Подршка на децата со попреченост за да ги надминат или ублажат пречките и да ја зголемат независноста.

Програмата Асистент за поддршка и грижа на деца со попреченост трае три месеци, односно 274 часа и опфаќа стручно теоретски содржини и практична обука која се реализира во установи кои имаат инклузирано или работат со деца со потешкотии во развојот. Програмата опфаќа три задолжителни модули. Учесниците со положен завршен испит ќе се стекнат со сертификат „ Асистент за поддршка и грижа на деца со попреченост  “

Верификацијата истекува во август 23, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

  • Të ketë përfunduar arsimin e mesëm ose të lartë;
    Të ketë certifikatë mjekësore për gjendje psikofizike;
    se nuk janë dënuar për krime të parashikuara në Ligjin për Mbrojtjen e Fëmijëve;

    Kaloni me sukses intervistën hyrëse dhe testin psikologjik

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

104

Пракса

170

Оценување

0

Вкупен број на часови

274

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content