Негувател/ка на лица со попреченост

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Посебната програма за нега на лица со попреченост опфаќа 250 часа, од кои 75 часа се стручно теоретски дел кој ќе се реализира во училница/кабинет, 150 часа практична обука која би се реализирала во институции за сместување на лица со посебни потреби или во институции со организиран дневен престој.
Оваа програма има за цел да обезбеди поддршка на лицата со попреченост, согласно нивните индивидуални потреби и нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина. Учесникот по завршувањето на програмата ќе се оспособи да ја планира, организира и подготвува својата работа самостојно или под надзор на стручно лице во специјализирани институции/установи. Задачите ќе ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со лица со посебни потреби, со примена на основните знаења и вештини за базична нега. Учесникот ќе им овозможи на корисниците психолошка и социјална поддршка, поддршка во секојдневните активности како во домашни услови така и во специјализирани установи. Учесникот ќе биде оспособен да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелина и облека, да манипулира при физиолошка потреба, да применува постапки за користење на уреди и опрема при истата, да комуницира и работи во тим, да одржува хигиена во околината, да спречува инфекции, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа.

Верификацијата истекува во ноември 7, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

– Организира работа и работно место,
– Применува основни знаења на видовите на попреченост,
– Помага при процесот на хранење,
– Води грижа за хигиена на храната и приборот за јадење и вклучување на лицата со попреченост во подготовката на секојдневните оброци,
– Помага при процесот на одржување на лична хигиена,
– Помага при извршување на физиолошките потреби,
– Применува знаења за управување со инвалидска количка и други ортопедски помагала,
– Ги разликува потребите на лицата со попреченост,
– Препознава промени во менталното здравје на корисникот,
– Обезбедува безбеден транспорт на корисникот,
– Комуницира со корисникот, неговото семејство и со членовите на тимот,
– Одржува безбедна и здрава работна средина,
– Извршува дезинфекција и стерилизација на опремата која се користи,
– Применува методи за опуштање и релаксација кај лицата со попреченост (читање, прошетки),
– Набаува лекови според упатствата на лекарот,
– Идентификува облици на лекови,
– Ги познава главните елементи на менталното здравје,
– Насочува, мотивира и го охрабрува лицето со попреченост кон развој на способностите на личноста,
– Препознава знаци на деменција, депресија, анксиозност или други здравствени промени,
– Обезбедува грижа со чувствителност и позитивен став,
– Помага и едуцира правилно да ги употребува помагалата кои ги користат лицата со попреченост

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

– Завршено средно образование,
– Да имаат лекарско уверение дека се психофизички здрави

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

75

Пракса

150

Оценување

25

Вкупен број на часови

250

– Организира работа и работно место,
– Применува основни знаења на видовите на попреченост,
– Помага при процесот на хранење,
– Води грижа за хигиена на храната и приборот за јадење и вклучување на лицата со попреченост во подготовката на секојдневните оброци,
– Помага при процесот на одржување на лична хигиена,
– Помага при извршување на физиолошките потреби,
– Применува знаења за управување со инвалидска количка и други ортопедски помагала,
– Ги разликува потребите на лицата со попреченост,
– Препознава промени во менталното здравје на корисникот,
– Обезбедува безбеден транспорт на корисникот,
– Комуницира со корисникот, неговото семејство и со членовите на тимот,
– Одржува безбедна и здрава работна средина,
– Извршува дезинфекција и стерилизација на опремата која се користи,
– Применува методи за опуштање и релаксација кај лицата со попреченост (читање, прошетки),
– Набаува лекови според упатствата на лекарот,
– Идентификува облици на лекови,
– Ги познава главните елементи на менталното здравје,
– Насочува, мотивира и го охрабрува лицето со попреченост кон развој на способностите на личноста,
– Препознава знаци на деменција, депресија, анксиозност или други здравствени промени,
– Обезбедува грижа со чувствителност и позитивен став,
– Помага и едуцира правилно да ги употребува помагалата кои ги користат лицата со попреченост

Датум на верификација

07/11/2022

Тетово

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content