Програмата за образование на возрасни за занимањето Личен асистент за лица со попреченост е наменета за лица кои сакаат да се стекнат со стручни компетенции за пружање директна поддршка на лица со попреченост. Програмата е усогласена со националниот Стандард на занимање. Програмата е организирана во седум модули кои ги покриваат стручните кометенции на занамањето Личен асистент на лица со попречености : основи на попреченост и човекови права, здравје и прва помош, поддршка во домот, поддршка во заедницата, психо-социјална поддршка, професионален развој и претприемништво, и зелени вештини. Секој модул е поделен на модуларни единици, а секоја единица содржи мерливи резултати од учење поткрепени со конкретни критериуми за оценување. Посебен акцент е ставен на практичните компетенции — лична хигиена и нега, асистирање при хранење, асистирање при земање терапија по претходно упатство од лекар или стручно лице, прва помош, мобилност и транспорт, комуникација и психо-социјална поддршка. Програмата ги интегрира и зелените вештини како современ стандард во социјалната грижа, со фокус на одржливо управување со отпад, енергетска ефикасност и свесност за климатски промени. Целта на програмата е да ги оспособи идните лични асистенти да пружат квалитетна, достоинствена и човечна поддршка која го зајакнува независното живеење и рамноправното учество на лицата со попреченост во општеството, со овие компетенции да бидат конкурентни на пазарот на труд . По успешно завршената обука кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за завршена посебна програма „Личен асистент на лица со попреченост“.
Верификацијата истекува во март 5, 2031
