Програмата за образование на возрасни за занимањето „Негувател/ка на лица со попреченост “е наменета за лица кои сакаат да се стекнат со стручни компетенции за пружање директна нега на лица со попреченост. Програмата е организирана во седум модули кои ги покриваат стручните кометенции на занамањето Негувател/ка на лица со попреченост: основи на попреченост и човекови права, здравје и прва помош, поддршка во домот, поддршка во заедницата, психо-социјална поддршка, професионален развој и претприемништво, и зелени вештини. Секој модул е поделен на модуларни единици, а секоја единица содржи мерливи резултати од учење поткрепени со конкретни критериуми за оценување. Посебен акцент е ставен на практичните компетенции — лична хигиена, хранење, администрирање на лекови, основни медицински принципи,прва помош, мобилност и транспорт, комуникација и психо-социјална поддршка. Програмата ги интегрира и зелените вештини како современ стандард во социјалната грижа, со фокус на одржливо управување со отпад, енергетска ефикасност и свесност за климатски промени. Целта на програмата е да ги оспособи идните лични асистенти да дават квалитетна, достоинствена и човечна поддршка која го зајакнува независното живеење и рамноправното учество на лицата со попреченост во општеството и да бидат поконкурентни на пазарот на труд. По успешно завршената обука кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за завршена посебна програма „ Негувател/ка на лица со попреченост “.
Верификацијата истекува во март 5, 2031
