Козметичар за нега на лице и тело

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата Козметичар за нега на лице и тело има за цел обука на возрасни лица за стекнување на знаења и вештини за занимање од областа на козметиката.

Основа за изработка на програмата е стандард на занимање Козметичар, Масер за мануелна козметичка масажа, Естетичар за нега на раце и нозе.

Реализацијата на програмата е преку теоретски часови, практична обука и проверка на знаењата и вештините на учесниците. Теоретскиот дел се реализира во соодветно опремена училница/кабинет, а практичната обука се реализира во козметички салон опремен според барањата на стандардите за вршење на дејноста.

Оценување и вреднување на постигањата на секој учесник во програмата ќе се изведува тековно и на завршен испит.

Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит ќе се здобие со сертификат за работна оспособеност “Козметичар за нега на лице и тело”  и ќе биде оспособен за самостојно организирање на простор и работа, организира  сопствена работа, подготвување салон и клиенти за козметички третмани за нега на лице и тело, советување клиенти, изведба на  козметички третмани за нега на лице, третмани за обликување на тело, депилација, масажа на тело, маникир и педикир постапки,  примена на деловна комуникација со клиенти, водење евиденција и подготвување пресметки за работата,  познавање правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис и почитувње работна етика и морал, применување на санитарно технички норми за заштита на животната и работната средина и интерес за напредување во професијата.

Програмата Козметичар за нега на лице и тело нуди можност за напредување на учесникот во други обуки или повисоки нивои на квалификации од областа на козметиката.

Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 69 часа се стручна теорија, а 181 часа се практична обука во реални работни услови. Термините во кои ќе се реализира програмата се договараат со учесниците.

Верификацијата истекува во август 19, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку основно образование и возраст на учесникот над 15 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

69

Пракса

181

Оценување

0

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

19/08/2024

Скопје

Маникир и педикир

Фризер за жени

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content