Главната цел на програмата „Фризер “ е насочена кон вработување во фризерски салони и директно самовработување, преку стекнување на стручно оспособување во областа на фризерството. Преку теоретска и практична настава учесниците ке се здобијат со знаења и вештини од областа на фризерството. Сите учесници ќе стекнaт основни познавања за занимањето фризер и ќе се оспособат за воспоставување професионална комуникација со клиентите; ќе разликуват и користат опрема, прибор и алат за работа; ќе користат принципи за безбедност при работа; ќе приготвуват клиент за третман на коса;ќе разликуваат разни постапки на третирање на скалпот; ќе применуваат разни постапки за изработка на фризури; ќе мијат коса, потстрижуваат, обликуваат, бојат и белат коса; ќе применуват норми на работна етика.
Програмата се состои од теоретски и практичен дел.
Обуката е со времетраење од 3 месеци.Вреднувањето на учесниците се изведува усно, писмено и од постигнатите цели на практичниот дел. За секој ученик ќе има посебно портфолио.
Учесниците полагаат завршен испит, и со успешно полагање на истиот се здобиваат со сертификат за Фризер.
Верификацијата истекува во февруари 2, 2027