Козметичар за лице и тело

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата има за цел да го оспособи учесникот во обуката за самостојно извршување на работни активности и постапки во козметички салон за нега на лице и тело.

Учесникот ќе се оспособи да го организира просторот и местото за работа во козметичкиот салон, да го подготвува клиентот за третман, да третира лице, врат и деколте, да разликува различни типови и состојби на кожа, да спроведува разновидни козметички третмани за нега на кожа со соодветни препарати,   да советува клиент за избор на третман и депилација на кожа. Учесникот ќе се оспособи да го контролира квалитет во согласност со стандардите и нормативите во работењето, успешно да комуницира со клиентите и соработниците и да осигурува безбедни услови за работа.

Теоретската настава, практичниот дел и оценувањето ќе се реализираат во училница, кабинет опремена според соодветни технички услови во козметички салон.  Програмата ќе биде реализирана преку пет модули. По секој модул и тековно ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит, а доколку го положи успешно тестот на учесникот му се издава сертификат за работно оспособување за козметичар за лице и тело. Во текот на реализација на програмата ќе се води портфолио за секој учесник со цел следење на напредокот.

Програмата ќе биде реализирана од страна на обучувачи со завршени студии по биохемија, дерматологија или медицина, а практичната обука ќе ја реализира козметичар со минимум 5 годишно работно искуство.

Верификацијата истекува во декември 20, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку основно образование и да биде постаро од 17 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

50

Пракса

150

Оценување

0

Вкупен број на часови

200

Датум на верификација

20/12/2023

Скопје

Фризер за жени и мажи

ШИВАЧ НА ГОРНА ОБЛЕКА

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content