Шминкер

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата „Шминкер” е насочена кон професионлно оспособување на учесниците за самостојно извршување на работни задачи од шминкање на лице. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно технички норми за спроведување на оваа дејност, подготвува работно место и клиент за третман, шминка, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина, комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на учесникот  континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Оценувањето на постигањата на учесниците ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.

Учесникот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за „Шминкер”.

Верификацијата истекува во декември 4, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Наполнети  17 години

Минимум основно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

35

Пракса

100

Оценување

0

Вкупен број на часови

135

Датум на верификација

04/12/2023

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content