КЕЛНЕР

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на обуката е учесниците да се стекнат со знаења, вештини и компетенции од занимањето келнер.

Учесникот по завршување на обуката ќе биде оспособен да работи во угостителски објекти,  хотели, барови, кафетерии, конференциски сали, сали за банкети или изнајмени кетеринг служби.

Учесникот ќе биде оспособен да  послужува храна и разни видови пијалаци, да сервира маси за главни главни, споредни и свечени оброци и да подготвува ресторанска маса по листа на јадења, мени. Учесникот ке се стекне и со одредени познавања за четири методи на послужување: формално, неформално, брза храна, шведска маса/бифе. Ќе развие вештини за препознавање на потребите на клиентите и да ги поврзе со услугитеи производите од областа на неговото работење и објектот во кој работи.

 

Применува стандарди со кои се контролира квалитетот и безбедносна исправност на храната и пијалаците, како и стандарди за одржување на хигиената.

Комуницира со соработниците, клиентите и претпоставените.

Начин на реализација: Теоретскиот дел од обуката ќе се спроведува во времетраење од 50 часа, а практичниот дел од обуката во времетраење од 100 часа.

Проверката на знаењето ќе биде спроведен со завршен испит кој се состои од теоретски и практичен дел.

Учесникот ќе се стекне со Сертификат „Келнер“

Верификацијата истекува во август 12, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Со завршено најмалку основно образование или I ниво НРК и возраст над 18 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

50

Пракса

100

Оценување

Вкупен број на часови

150

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content