Програмата за занимање Фризер за жени се темели на стандардот на занимање за фризер кое се стекнува со знаења преку стручно теоретска содржина и практична обука.
Фризер за жени треба да има потребни знаења, вештини и компетенции за подготвување на клиентот, миење и негување на косата и скалпот со примена на препарати и техники на масажа, потстрижување и обликување на косата, боење и белење на косата, користење на материјали, да води грижа за сопствената безбедност и безбедноста на клиентот, евидентирање и подготвување пресметки за работа, познавање на правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис.
Фризер за жени мора да поседува знaења, вештини и способности за планирање на работата и обезбедување на услови за истата.
Фризер за жени треба да почитува и спроведува стандардни процедури за чистење и дезинфекција на алатите, опремата, и работните површини, согласно зададените упатства. Програмата обезбедува работна сила на пазарот на трудот, којашто нуди висококвалитетни услуги и oвозможува водење на занаетчиски дуќан.
Верификацијата истекува во април 7, 2026