Основна цел на програмата е да се оспособат лица да изведуваат работни задачи за занимањето Производител на леб, бурек и бели печива. Програмата е предвидена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин. Истата овозможува работно оспособување за Производител на леб, бурек и бели печива во пекара. Програмата е во времетраење од три месеци или 220 часа, каде се опфаќаат практични и теоретски содржини кои ќе се реализираат во просториите на ТЦМ Пела Гостивар специјализирани пекари кај работодавачи.
Реализацијата ќе започне со теоретскиот дел, чие успешно завршување е услов за вклучување во практичниот дел на обуката. Преку примена на формативно оценување во текот на реализација на секоја тема ќе следи усмено проверување на знаењата на кандидатите. Во текот на реализацијата на програмата ќе се води портфолио за секој кандидат и исто така ќе се вреднуваат изработките кои ќе ги содржи портфолиото. Практичната обука ќе се реализира во специјализирани пекари. Притоа активностите ќе бидат следени од искусен пекар кој редоследно, во зависност од сложеноста на задачите, ќе ги вклучува кандидатите во практични активности. На крајот на програмата ќе следува проверка и оценување на стекнатите знаења и вештини од страна на тричлена комисија, односно ќе се спроведе оценување на практична изведба преку завршен испит.
Верификацијата истекува во октомври 9, 2026