Front end Koder

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Цел на програмата 

Целта на Програмата за FRONT-END кодер е да се стекне со знаење:

–        Да користи HTML, CSS & Sass и правење на високо-квалитетни “eye-catching” и респонзивни веб страници и UI решенија;

–        Да користи Git како моќен и широко користен систем за контрола на верзии кој овозможува ефикасна соработка, управување со кодови и следење на промените во проектите за развој на софтвер;

–        Да развие со вештини за работа на платформата (framework) Bootstrap и објаснува начини за користење на Bootstrap;

–        Да користи JavaScript, најчесто користениот програмски јазик на денешницата;

–        Да ги користи JavaScript библиотеките React.js и jQuery и веб-рамката Next.js;

–        Да го корсти програмскиот јазик TypeScript.

Начин на реализација

Програмата се реализира преку практична и теоретска настава и води до стекнување на сертификат за Front-end кодер.

 

Начин на оценување:

За време на програмата континуирано се оценува напредокот за сите активности на учесникот, за да се утврди неговото знаење и стекнати компетенции согласно критериумите за оценување на секој модул. Во реализацијата на програмата ќе се применуваат современи наставни методи кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

 

Модули на програмата:

 

Модул 1 – Основи за развој на веб-апликации

Модул 2 – Основи на изглед и интерактивност на веб апликации

Модул 3 – Развој базиран на JavaScript библиотеки, технологии и техники

Модул 4 – Кариерен раст и професионален развој, совладување на Agile Scrum методологија и Freelancing во технолошката индустријa

 

Времетраење:

Времетраењето на програмата е 241 наставни часа од кои 124 се теоретска обука и 117 се практична обука.

Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно по утврден распоред.

 

Вреднување на постигнувањата:

Оценувањето на постигнувањата на учесниците ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и постигнувањата во текот на целата обука (теоретска и практична).

На крај се изработува и презентира завршна проектна задача во која се применуваат програмските јазици кои се изучуваат како дел од програмата на Front-end кодер, преку што се дефинираат стекнатите вештини и компетенции.

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:

–        Пишува програми со употреба на HTML во програмот Visual Studio Code;

–        Пишува HTML елементи со помош на CSS;

–        Пишува HTML елементи со помош на Sass;

–        Користи GIT софтвер како сервис за споделување код и соработка помеѓу девелопери;

–        Креира респонзивни веб-страници и веб-апликации;

–        Користи основи на UX/UI дизајн;

–        Пишува JavaScript код користејќи соодветна синтакса, функции, низи, променливи и елементи;

–        Пишува Typescript код и развива веб-апликации и веб-страни;

–        Креира веб-апликација со помош на библиотеката React.js;

–        Креира брзи веб-апликации со употребата на Next.js;

–        Креира најразлични профили на апликации и веб страници со помош на jQuery & Ajax;

–        Користи Аgile Scrum методологија;

–        Имплементира основни знаења за хонорарска работа и ги применува критериумите за учење за ефективно да се справи во хонорарната индустрија.

Сертификат

Учесникот кој успешно ќе ја заврши обуката и изработи завршен проект, ќе се стекне со сертификат за успешно завршена посебна програма „Front-end кодер“.

 

Просторни услови

Наставата се одвива комбинирано во училница, со работни услови за следење на наставата за секој учесник, при што се користи опрема за презентација која вклучува проектор, лаптоп, звучници, микрофон, платно за проектирање, и дополнителна IT опрема зависно од модулот на изучување и  учење на далечина кое се одвива онлајн преку апликацијата Zoom како и преку специјална платформа за учење креирана од Бреинстер.

 

Напредување од програмата

Програмата нуди можност за кариерно напредување на учесникот кон повисоки нивоа на веб дизајнирање на апликации, страници и слично, како и препознатливост на професијата со вклучување на пазарот на труд преку вработување во компанија или друга самостојна работа.

 

Верификацијата истекува во мај 9, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Në këtë program kanë të drejtë të marrin pjesë:

–        pjesëmarrës me të paktën arsim të mesëm të përfunduar;

–        pjesëmarrës të cilët kanë aftësi bazë kompjuterike;

–        pjesëmarrësi do të vlerësohet me sukses në një intervistë të zhvilluar nga një ekip ekspertësh.

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

124

Пракса

117

Оценување

241

Вкупен број на часови

241

Датум на верификација

04/05/2023

Shkup

Full-Stаck Кодер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content