Програмата овозможува работно оспособување за Слаткар-подготвувач на слаткарски производи во времетраење од 120 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во опремена слаткарска работилница. По успешното завршување на програмата учесникот ќе се стекне со знаење, вештини и компетенции за самостојно подготвување на слаткарски производи. Учесникот ќе се оспособи: да подготвува и организира сопствената работа; ракува и правилно користи апарати, уреди, машини и инвентар во слаткарница; користи стручна терминологија при работа; применува правила, прописи и НАССР систем за хигиено-техничка заштита при работа; класификува поделба и примена на продукти според потекло;применува начини за подготвување производи од слатки теста кои се различни во процес на изработување; подготвува десерти со различна техника и процес на работа; приготвува кремови, полнила, преливи, глазури од различна област; пече и филува пандишпан маси за изработување торти, мињони, пасти; комбинира начини за подготовка на ситни колачи различни по состав, вкус и изглед; користи рецептури за подготовка на ладни и топли десерти; применува рецептури на десерти со темперирана чоколада; моделира, декорира и развива креативност при изработување на готови производи; комуницира со клиенти и соработници; работи во согласност со нормативи и прописи за заштита на работната средина и околина; ги познава правата од работен однос и можностите за отворање и водење на сопствен бизнис; развива работни, хигиенски навики, одговорност при работа во слаткарница и позитивни ставови кон угостителската дејност. По завршувањето на обуката учесниците полагаат завршен испит. Учесниците кои успешно ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со сертификат за Слаткар-подготвувач на слаткарски производи по верифицирана програма.
Верификацијата истекува во мај 18, 2025