Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за самостојно сечење,виткање,распоредување,кревање,поставување,врзување,наддавање и заварување на арматурни прачки,заварени мрежи и композитни материјали во армирани бетонски производи и конструкции.
Програмата се реализира преку теоретска и практична настава во два модула:
Времетраење на програмата е 250 часа од кои 70 часа се предвидени за теоретска настава за модул 1, 5 часа за практична настава за модул 1, а 175 часа се предвидени за практична настава за модул 2. Наставата се реализира од понеделник до петок . Теоретската обука се одвива во училница/кабинет опремен за теоретска настава под менторство на дипл.инж.по градежништво а практичниот дел во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по градежништво, армирач со 3 год. работно искуство .Вреднувањето на постигањата на учесниците се спроведува со тест по завршување на модул 1 ,а со завршен испит по завршувањето на модул 2.По успешно положен тест и завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнуваат со сертификат Армирач.
Верификацијата истекува во мај 12, 2025