Главна цел на програмата е учесникот да се стекнесо знаења, вештини и компетенции за занимањето Плетач на рачно плетени производи, со кои ќе може самостојно да ја планира и организира работата и работните задачи, изведува различни техники на рачно плетење со една игла, со две игли и јазли со раце – макраме, подготвува материјал, комуницира со клиенти и со деловни партнери, користи професионални апарати, опрема и алати, применува мерки за лична заштита, заштита на клиентите и околината, води контрола на извршените услуги, отвори и воде сопствен бизнис, води евиденција и изготвува пресметка за извршената работата.
Времетраењето на програмата е 100 часа од кои 30 часа теоретска обука, 70 часа се практична обука во реални работни услови.
Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука. Програмата е изготвена врз основа на стандард на занимање. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската настава ќе се одвива во специјализирани опремени простории, а практичната обука ќе се реализира во плетачки работилници опремени со потребните машини, алати, прибор и опрема за плетење.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите модуларни единици преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето, пред и после теоретската настава. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.
По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Плетач на рачно плетени производи“.
Верификацијата истекува во октомври 17, 2025