Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења и вештини, компетенции за примена на основните техники во масажата, како и правилно користење на средства за работа, уреди, опремата, препарати, матерјали и инвентар.
Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука и води до стекнување на сертификат за масер во козметички салон.
Времетраењето на програмата е 100 часа од кои 20 часа се стручна теорија, 70 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањено. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.